Познатиот лондонски хотел Claridge’s во 2009 година почна новогодишна традиција и пред празниците година кани истакнат дизајнер да ја украси елката поставена во фоајето. После модните креатори Џон Галијано, Албер Елбаз, тандемот Доменико Долче и Срефано Габана, Кристофер Бејли, како и продукт дизајнерите Марк Њусон и Џон Ајв, годинава оваа задача му беше доверена на Карл Лагерфелд.
Дологодишниот креативен директор на куќата „Шанел“ вели дека новогодишните елки за него се најсилниот сувенир од среќното детство. Тој во декорирањето тргна од тоа што елката ја постави наопаку, со корењата на дрвцето нагоре на чиј врв е поставена сребрена ѕвезда. Комплетното украсување е во сребрена боја, со украси во форма на снегулки рачно изработени од германски занаетчии, светилки во облик на свеќи и многу ленти кои даваат ефект на сребрен дожд. Во подножјето на елката од 5 метри е поставен килим од овча кожа кој имитира снежен покривач.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари