Супермоделката Карли Клос по втор пат креираше свој колекција за брендот кој специјализира облека од џинс, Frame Denim, и по тој повод одржа забава во атмосфера на типично американско ресторанче, за оваа потреба наречено Karlie’s Diner, со помфрит и милкшејк на менито. Инспирирана од својата мајка, Карли создаде капсулна колекција во духот на 70-тите години, во која доминираат ѕвонести фармерки. На настанот се појавија повеќе личности од модата и неколку колешки на Карли кои се забавуваа облечени во нејзините фармерки.
Нема коментари