Американската супермоделка Карли Клос во новата кампања на брендот Swarovski ја рекреира познатата сцена од филмот „Мажите повеќе сакаат рисокоси“ (1953) во која холивудската ѕвезда Мерилин Монро, облечена во розов сатенски фустан и накитена со дијаманти ја пее песната „Дијамантите се најдобриот пријател на девојките“ (Diamonds Are a Girl’s Best Friend). Карли, опкружена со мажи како и Мерилин во култната филмска сцена, во видеорекламата на Swarovski носи впечатлив ѓердан, прстени, алки со светкави камчиња кои се промовираат со ознаката #bebrilliant , меѓу кои се и Vittore прстените, Bella обетките, и Crystal dust и Subtle алките.
Нема коментари