• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

Каролина Гочева со AVON ги поттикнува жените да отпочнат сопствен бизнис

Од stylist @StylistMKD · На јули 18, 2016

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 1

Како и досега, македонската пејачка и во следниот период ќе промовира еден од премиум-производите на козметичката компанија, а тоа овој пат ќе биде новата маскара Wide Awake

Облечена во елегантен бел костум и со насмевка што шири позитивна енергија, Каролина Гочева ја продолжува својата мисија – да биде амбасадор на AVON Македонија и да ги поттикнува жените да отпочнат сопствен бизнис. Нашата најпопуларна пејачка неодамна беше во Варшава, каде што за неа беше организирана ексклузивна фотосесија за потребите на козметичкиот гигант од САД.

- Мојата улога на заштитно лице на AVON Македонија е професионална обврска, но таа се вбројува во оние ретките: што те инспирираат секогаш да ја завршиш подобро од претходниот пат и попат, што ти овозможуваат да уживаш. Патувањето во Полска беше прекрасно, не само затоа што студиото и условите за работа беа на врвно ниво, туку и бидејќи таму создадовме приказна која што се надевам максимално ќе се прошири во Македонија. Таа е: што повеќе жени да се охрабрат да отпочнат свој бизнис преку AVON и така да бидат финансиски независни – истакнува Гочева, чиј стајлинг и став од оваа фотосесија ќе ја краси насловната страница на компаниската Брошура во кампања 13.

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava

Еден од столбовите на работењето на AVON е долгорочното овозможување простор за заработка, а со тоа и за самостојност на жената во општеството. Како личност која што од својата младост заработува и гради извонредно успешна кариера, Каролина е перфектниот партнер на компанијата. Со нејзиниот ангажман како заштитно лице таа испраќа порака и повик до сите жени кои сакаат да зачекорат по патот на бизнисот.

- Изминатите 12 месеци воспоставив извонредна поврзаност со членовите на македонската АВОН-мрежа и учествував во неколку возбудливи конференции и дружења. Инспирирана сум од начинот на кој функционира продажниот тим и воодушевена сум што повисоките цели на компанијата, преточени во мотото „Убавина со цел“, ги поттикнуваат жените да бидат похрабри и посилни, како и порешителни во остварувањето на сопствените соништа – вели Гочева.

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 3

Како и досега, Каролина и во следниот период ќе промовира еден од премиум-производите на козметичката компанија, којшто беспрекорно ќе се вклопи во несесерот на секоја жена. Освен со овој проект, соработката меѓу Каролина и AVON ќе продолжи и во следниот период, а тие и понатаму заеднички ќе ги поттикнуваат и инспирираат жените во Македонија.

Изминативе 130 години, колку што постои овој глобален бренд, многу ѕвезди и јавни личности беа и сè уште се заштитни лица на линиите на AVON. Меѓу нив се актерите Селма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, Оливија Вајлд, Меган Фокс, пејачката Ферги, супермоделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и Ирина Шаик.

Погледнете како изгледаше снимањето на новата фотосесија за AVON во Варшава:

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 2

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 4

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 5

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 6

Karolina Gocheva na fotosesija vo Varshava 7

AVONАвонзаштитно лицекариераКаролина Гочевакозметичка компанијафотосесија„Авон Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 velenino voce viva новини

    Лејди Гага заштитно лице (и глас) на новиот парфем Valentino Voce Viva

  • avon (1) калеидоскоп

    AVON лансираше нова бренд кампања: Watch me Now

  • avon новини

    Фондацијата за жени на AVON донира 7.000$ на кризниот центар „Надеж“ за поддршка на СОС линијата и згрижувачкиот центар

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics