Каролина Гочева изненади со уште една серија на фотографии за италијанскиот бренд Pinko
Музичката ѕвезда Каролина Гочева позира во креација на брендот од колекцијата есен-зима 2018, едно поинакво издание со кое се заокружува соработката со брендот Pinko за групацијата Магнетик. Таа носи прекрасен сако-фустан кој може да се искомбинира за секаква пригода. Фотосесијата повторно ја потпишуваат Лилика Стрезоска и Елена Фиданска. Шминката е на Марија Ленчевска, а фризурата на Џеси Костиќ.
Од Магнетик откриваат дека дека следната фотосесија ќе биде изработена за брендот Weekend Max Mara од Max Mara групацијата. Очекуваме со нетрпение.
Нема коментари