Каролина Гочева ја продолжува својата соработка со Магнетик со оваа фотосесија за брендот Pinko
Pinko е најновиот бренд на групацијата Магнетик, кој се отвори пред неколку месеци во Ramstore Mall приземје. Италијански бренд кој ги претставува жените како самоуверени, одлучни, самостојни и разиграни. Pinko има неколку интересни соработки и линии низ годините по кои е особено препознатлив како бренд – нивните Love bags, Pinko logo линијата, соработките со Coca Cola и Hello Kitty. Дизајни кои се софистицирани, необични а лесни за носење. Прекрасни парчиња кои ги носат бестрашни и силни жени.
Фотосесијата на Каролина Гочева за брендот Pinko е навистина посебна и е направена после оние за Marella, уште еден бренд на фрупацијата Магнетик. Фотографот Лилика Стрезоска се потпишува зад оваа фотосесија. Уживајте.
Нема коментари