Каролина Гочева беше заштитно лице за 2018 на групацијата Магнетик. Прекрасна соработка која ја збогати и разубави оваа година и остави белег во модниот свет кај нас. Последната фотосесија за оваа година е за брендот Pennyblack во која Каролина Гочева покажува една елегантна и впечатлива нејзина страна.
Колекцијата за есен-зима 2018 на Pennyblack е навистина богата и тренди. Содржи парчиња кои можат да ги носат сите и во нив да се чувствуваат удобно, но истовремено елегантно и грациозни. Боите и кроевите исто така прилегаат на секоја жена. Погледните ги последните фотографии за оваа 2018 година и уживајте.
ФОТОГРАФИЈА // Горан Поповски
ШМИНКА // Даниел Артевски
ФРИЗУРА // Џеси Костиќ
Нема коментари