Каролина во MANGO и во најубавата боја на сезоната
Каролина Гочева позира во комбинација од Mango која што е одлична за меѓусезонско, модерно облекување. Главно модно парче е овој впечатлив пролетен капут во боја на циклама, боја што е доминантна и одлично го доловува вистинското пролетно расположение кое владее деновиве. Комбинацијата е дополнета со здолниште со разигран принт, металик патики и ултра впечатливи обетки, а целиот стајлинг е одличен за дневни и вечерни излегувања. Ова е совршена комбинација за урбан и во исто време женствен изглед.
Фотографија: Ани Дими
Шминка и фризура: Beauty Hub 202 (Васе Доковски и Даниел Артевски)
Стилист: Алмир Мили
Нема коментари