Каролина Гочева ја продолжи соработката со групацијата Магнетик, овој пат со фотосесија за брендот Weekend Max Mara
Weekend Max Mara е бренд од Max Mara кој се одликува со елеганција, безвремност, класика и удобност.
Каролина Гочева блесна во елегантен, лелеав фустан кој е дел од посебна капсула од овој бренд. Патернот и материјалот се специфични и впечатливи.
Магнетик ни претставуваат и втора комбинација од волнен џемпер – ролка и карирани панталони. Портрети зад кои стои потписот на Јована Зука и навистина ја доловуваат емоцијата и стилот на Каролина Гочева.
Weekend Max Mara е бренд кој навистина се залага за удобност и квалитет но, секогаш стилски и елгантно.
Погледнете ги овие навистина посебни фотографии на Јована Зука и уживајте.
Фотографии// Јована Зука
Шминка и Фризура// Даниел Артевски
Продукција// Магнетик
Нема коментари