Колекцијата Sex and the City е посветена на сите жени кои убавината ја носат со стил, но со оваа капсулна колекција брендот Yamamay ни покажува дека фамата по популарната серија „Сексот и градот“ не спласнува и парчињата се инспирани од естетиката на четирите главни ликови од ова телевизиско шоу.
По повод одбележувањето на 20-годишнината на серијата „Сексот и градот“ Yamamay ја лансира коелкцијата која ги реинтерпретира стиловите на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда преку четири различни линии на облека.
Стилот на Кери е романтичен и трендовски, Саманта е синоним за секси изглед, Шарлот е елеганта и префинета, а Миранда има стил на независна и успешна деловна жена.
Нема коментари