Познатата македонска манекенка Катарина Ивановска одлучи да основа хуманитарно здружение и своето слободно време да го посвети на страста кон филантропијата, а многу скоро ќе ги објави и активностите на она што се нарекува „Катарина Ивановска Фондација“. Таа со својата убавина и успешната светска кариера не само што може да се мери со познатите манекенки, туку по нивниот пример ќе се вклучи во филантропски и хуманитарни проекти. По примерот на руската колешка Наталија Водјанова, Катарина во почетокот преку својата фондација ќе се посвети на децата од загрозени семејства.
Нема коментари