Седум часа после породувањето Кејт Мидлтон или поформално Војвотката од Кембриџ се појави пред вратите на Линдо-крилото на лондонската болница St. Mary, на првото официјално фотографирање со своето бебе, трето по ред за Кејт и Принц Вилијам. Внимание привлече и нејзиниот моден избор – црвен фустан со бела руска крагња од Џени Пекам, многу сличен на фустанот што принцезата Дајана го носеше кога се породи со принцот Хари во 1984 година. Сосема случајно или намерен омаж на Дајана, мајката на нејзиниот сопруг Вилијам?!
Нема коментари