Супермоделот Кејт Мос е заштитно лице на новата рекламна кампања на Џорџо Армани и на фотографиите направени од тандемот Мерт и Маркус таа позира во елегантни модни комбинации од колекцијата за есен 2019. Во првите фотографии од кампањата Кејт носи неколку сини комбинации, одело со каро и вечерен фустан со светки, а забележлива е и нејзината нова фризура – светлоруса коса и боб фризура со шишки.
Нема коментари