За да ја создаде новата рекламна кампања на брендот Adidas дигиталниот Инстаграм-артист Даг Абрахам зеде една фотографија со Кејт Мос од 1993 година, на која таа ги носи моделот патики Gazelle, и ја преработи во нов имиџ. Со тоа се споија две модни икони -супермоделката Мос и познатите патики Gazellе, кои германскиот гигант за спортска облека ги лансира за првпат во 1963 година. „Исто како и Gazelle, Кејт Мос е релеванта сега во 2016 година, како што беше и во 90-тите, затоа оваа фотографија толку добро функционира. Пред неколку месеци разговарав со неа и ми кажа дека во однос на патиките отсекогаш била Адидас-девојка, така што синергијата и афинитетот секогаш постоеле меѓу неа и Adidas “, изјави Гери Аспден, консултант на брендот.
Заедно со Stan Smith и Superstar, Gazelle се веројанто најпопуларните Adidas патики. Лансирани во 60-тите брзо најдоа место меѓу различни правци и културолошки групи, од мод-стилот преку бритпоп до гранџ сцената. Моделот доби нова верзија во 1993 година, а сега брендот се обраќа на следната генерација. А секоја генерација ги прифаќа и ги носи на свој начин. Последниве сезони откако патиките станаа доста тренди, Gazelle често може да се видат и во уличната мода.
Нема коментари