Двете супермоделки и пријателки во приватниот живот за првпат снимија зaедничка кампања. Кејт Мос и Лара Стоун се ѕвезди на промотивната кампања за колекцијата есен-зима 2015/16 на познатиот моден бренд. Облечени во креациите што Александар Ванг ги креираше за „Баленсијага“ тие позираат пред објективот на Стивен Клајн. „Сметав дека Кејт и Лара заедно може да бидат провокативни, сензуални, непредвидливи“, вели Ванг за кастингот во новата кампања.
Нема коментари