Супермоделката Кејт Мос била на голем број на насловни скоро на секое издание на Vogue, но за првпат ја краси првата страница на овој магазин во тандем со својата 13-годишна ќерка Лајла Грејс Хек. Кејт и Лајла позираат за јунскиот број на италијански Vogue пред објективот на Марио Соренти. Vogue Italia засега ја откри само насловната на бројот на тема „Љубов“, црно-бела фотографија на која двете носат креации на „Версаче“. Ова е прва насловна на Лајла. Кејт пред неколку дена во The Edit зборуваше за својата ќерка и изјави дека додека за светот претставува модна икона, Лајла смета дека изгледа смешно.
Нема коментари