Супермоделот Кејт Мос (45) по 40-ти пат се појавува на насловната страница на британското издание на Vogue, за мајскиот број таа позираше на три различни верзии на насловната. За прв пат на насловната на Vogue UK се појавила кога имала 19 години, и во последните 26 години повеќе пати соработувала со ова модно списание.
Главниот уредник на Vogue UK Едвард Енинфул се потсетува кога прв пат ја сретнал Кејт, било тоа на кастинг за реклама за Pepe Jeans во доцните 80-ти, тогаш имал 17, а Кејт веројатно околу 15 години. И двајцата биле на почетокот од своите кариери, а Едвард уште тогаш ја препознал нејзината енергија и веднаш си помислил колку е прекрасна. Кејт ја добила работата на кампањата, но не и Едвард, но тој момент е почетокот на нивното пријателство кое трае до денес.
View this post on Instagram
As famous for her unapologetic attitude as her sphinx-like beauty, contributing editor #KateMoss stars on three special covers for the May 2019 issue of #BritishVogue, on newsstands Friday 5 April. Kate wears all @ChanelOfficial, photographed by @InezAndVinoodh and styled by @AlastairMckimm, with hair by @HairByChristiaan, make-up by @LisaButlerMUA and nails by @TheGinaViviano. A post shared by British Vogue (@britishvogue) on
А денес Кејт зад себе има успешна повеќедецениска кариера, а Едвард после долгогодишната работа како стилист, лани стана главен уредник на Vogue UK. Сега Едвард е пресреќен што во најновиот број ѝ оддава почит на извонредната Кејт. Трите различни насловни и фотосесии ги сработија различни фотографи – Микаел Јансон, Џејми Хоксворт и дуото Инез и Винод.
Нема коментари