Италијанскиот бренд „Москино“ и главниот дизајнер Џереми Скот вчера ја објавија првата фотографија од кампањата за есен-зима 2015/16 со Кети Пери како заштитно лице. Пејачката носи златен корсет, тексасно пачворк палто и масивен накит, стилизирана со кратка коса и во игривиот и кичест стил на брендот кој ја следи есетиката на основачот Франко Москино. Кети во последно време често носи модели од „Москино“ и е во друштво на новиот дизајнер на брендот Скот чиј модел носеше на последната Мет Гала. Фотографиите за кампањата се дело на Инез и Винод.
Нема коментари