Манекенката и актерка Кејт Аптон минатиот месец се венча со спортистот Џастин Берландер во Тоскана, Италија, и на својата бајковидна свадба смени два импресивни фустани. Главниот свадбен фустан е креација на „Валентино“, класичен и долг модел, со долги ракави од тантела и вел од тул, дополнет со бели чевли со украсни камчиња од Маноло Бланик и бидермаер со бели, розови и цвеќиња во боја на праска.
Додека траеше веселбата манекенката се пресоблече во пократок и попровокативен фустан извезен со кристали и бисерни перли, специјално направен заедно со Christy Rilling Studio. Кејт за Vogue изјави дека скала две различни креации, една романтична венчаница за венчавката, и еден позабавен фустан за свадбената веселба.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари