Црвеното палто од шпанскиот моден бренд „Зара“, што Кејт Мидлтон го носеше на Royal Windsor Horse Show, во чест на 90-тиот роденден на кралицата Елизабета Втора, веќе се распродаде, јавуваат повеќе модни медиуми. Војвотката од Кембриџ, има големо влијание врз модата и купувачите со својот моден избор. Често, креациите што ги носи на официјалните и неофицијални појавувања, стануваат најбарани и брзо се распродаваат. Особено тоа се случува со моделите купени од продавници и брендови со подостапни цени, како „Зара“, „Топшоп“, H&M… Дебелото палто со две копчиња чини околу 50 фунти. Мидлтон повторно направи баланс меѓу креација од high street бренд и етикета од високата мода. Под црвеното палто носеше бел фустан со тантела од Dolce and Gabbana, за кој исто така има голем интерес. Стајлингот беше надополент со дијамантски прстен и обетки.
Нема коментари