Супермоделите Кејт Мос и Наоми Кембел се вратија на модната писта во Париз облечени во винилни мантили со логото LV, како дел од ревијата на „Луј Витон“ за машката колекција за есен-зима 2018/19. Кејт и Наоми ја затворија ревијата и на крајот заедно прошетаа со дизајнерот Ким Џонс, за кого ова беше последна колекција како дизајнер на машка мода за „Луј Витон“. Имено, неколку дена пред ревијата Џонс објави дека ја напушта работата како креативен директор на машките колекции на брендот, на чија позиција беше од 2011 година. Во својата последна колекција за „Луј Витон“ Џонс прикажа креации во кои е нагласен монорамот на куќата LV.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари