Топ вест утрово беше ангажирањето на славната манекенка Кејт Мос во пролетната кампања на брендот што го носи името на култниот Александар Меквин. Иако Кејт беше многу блиска со дизајнерт додека тој беше жив, ова е нејзина прва рекламна кампања за Александар Меквин. А на фотографиите на Стивен Клајн таа се појавува со нов изглед – со дречливо светла, скоро сулфурно зелена коса! Инспириран од култниот трилер од 60-тите „Peeping Tom“, Клајн создаде мрачна атмосфера со скоро морничаво вонземско чувство, а дел од фотографиите и видео-тизерот се појавија пладнево на социјалните мрежи на модниот бренд.
Нема коментари