Дваесет и една година по претставувањето на CK One, од брендот Келвин Клајн доаѓа вториот парфем дизајниран и за мажи и за жени наречен Calvin Klein CK2. CK One беше првиот унисекс парфем со глобален успех, „ а новиот безродов мирис кој ги слави бескрајните можности на модерни врски помеѓу две лица“, како што тврди Камило Пејн, од Coty Inc, команијата што ја има франчизата за парфеми и козметика под името Келвин Клајн, ќе се појави во февруари следната година. Во раните 90-ти години CK One беше еден од најпопуларните парфеми и беше пропратен со црно-бела кампања со Кејт Мос и многу други модели и интересни ликови. Целта на новиот CK2 е да се таргетираат помладите консументи и новата милениал-генерација која вреднува автентичност и флуидност во нивниот секојдневен живот, а CK2 го содржи ова во секој аспект на брендот, без разлика дали е преку мирисот, пакување или креативна кампања. Во промовирањето ќе бидат вклучени и социјалните мрежи, рекламната кампања веќе се осмислува заедно со фотографот Рајан Мекинли.
Нема коментари