После повеќегодишно водство на листата на најплатени манекенки на Forbes, Бразилката Жизел Бундшен конечно е симната од тронот од страна на Кендел Џенер, селебрити-модел и нова миленичка на дизајнерите, која доаѓа од семејтвото Кардашијан-Џенер популарно поради нивното реално шоу. Жизел е супермодел и моќен бренд, и од 2002 година е најплaтената манекенка благодарение на модните ангажмани и сопствените проекти и колекции кои ѝ носат милиони долари. Но, во 2017 година според Forbes најмногу заработила Кендал – 22 милиони долари, заработени на пистата, но и како ѕвезда на Инстаграм и од договорите со телевизиските куќи на сметка на реалното шоу. Листата на Forbes покажува една нова промена поради што може да ја изгуби релевантноста – сега повеќе заработуваат Инстаграм ѕвезди, од оние со модни кампањи и ангажмани. По Кендал, на листата следат Жизел, Криси Тиген, Адријана Лима, Џиџи Хадид, Роузи Хантингтон-Вајтли, Карли Клос, Лиу Вен, Бела Хадид и Ешли Греам.
Нема коментари