Есенската кампања на италијанскиот бренд за долна облека La Perla ја открива Кендал Џенер во секси сензуално издание со новите креации со потпис на брендот. La Perla го прошири интересот и на линија на облека, па покрај тантелно боди во боја на фуксија и секси градник, таа промовира и бел вечерен фустан и сив костим украсен со везени цветови. Во кампањата за новата модна линија за есен-зима 2017/18 Кендал е фоторафирана покрај цвеќе и овошје, што треба да асоцира на тајна градина. Всушност, брендот новата колекција ја опишува како „романтична линија инспирирана од хаосот и формата на англиските тајни градини и од убавината на ботаниката која раскажува своја посебна приказна“.
Нема коментари