• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Kering и LVMH во заедничка повелба забранија слаби манекенки

Од stylist @StylistMKD · На септември 7, 2017

lvmh kering (2)

Двата водечки светски модни конглометарити, Kering и LVMH, иако се голема конкуренција меѓу себе, се сложија околу една работа – тие заедно ветија дека ќе ги забранат екстремно слабите модели (со големина 32) на своите ревии и во рекламните кампањи, двете компании ќе се вложат во поголема безбедност на моделите, забрана за вработување на модели помлади од 16 години и дека ќе промовираат поздрава слика на телото.

Во повелбата на компаниите стои уште и дека таа ќе биде имплементирана преку нивните брендови ширум светот, и ќе бараа моделите да обезбедат лекарско уверение за своето здравје. Ќе влијаат и во модните магазини во едиторијалите да не се ангажираат слаби девојки со нездрав изглед.

Иако Франсоа-Анри Пино, претседател и извршен директор на Kering, некое време ја имплементира оваа мерка во својата компанија, сепак сфатил дека работите треба да се движат побрзо. „Во март одлучив дека е доста. Ќе внесеме некои правила и сакам тие правила да се спроведат за следната модна недела. Не прифаќаме статус кво. Ако некој мораше да дејствува, тоа сме ние. Решивме да делуваме поагресвно во нашата заложба, со верување дека треба да поставиме примерот во овој домен, да го преземеме водството и да ги примениме соодветните правила“, вели тој.

Пино барајќи да се осигура дека неговите мерки ќе бидат ефективни, контактирал со LVMH, и увидел дека и во таа компанија исто така работеле на проблемот и биле подготвени да се здружат за да создаде обединет фронт. „Здравјето и добросостојбата на моделите се многу важни за нас. Како лидер во луксузниот сектор имаме одговорност во градењето на нови стандарди во манекенството“, соопшти Антоан Арно од LVMH.

Во текот на изминатите неколку години имаше напори од француската влада и разни групации да ги тргнат од писта и од рекламите манекенките помлади од 16 години и оние со нездрав изглед, но се чинеше дека правилата тешко се спроведуваат и имаше мали промени во рамките на индустријата. Сепак, сега кога двата главни луксузни конгломерати застануваат зад заедничка цел, постои веројатност да се смени начинот на кој работи манекенската индустрија. Новите мерки ќе се спроведат уште месецов додека траат модните недели.

LVMH во своето портфолио ги има брендовите Louis Vuitton, Dior, Hennessy, Givenchy, Celine, Loewe, Zenith, Tag Hauer, Berluti, Guerlain Parfums, Kenzo Parfums, Sephora, Acqua di Parma, Benefit Cosmetics, додека под Kering функционираат Gucci, Balenciaga, Yves Saint Laurent, Stella MacCartney, Alexander McQueen, Bottega Veneta, Brioni, Christopher Kane, Tomas Maier, Boucheron, Puma, Pomellato.

Линк до правилникот на LVMH тука, заедничката повелба објавена и на веб страницата на Kering може да ја видите на овој линк.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics