Француската актерка Кетрин Денев носела некои од најинтересните модни креации за време на нејзината кариера, па не изненадува што оснoвачот на францускит бренд A.P.C, Жан Туиту, ја покани да биде гостин-дизајнерка на капсулна колекција.
Доајенка на филмот од 60-тите и муза на Ив Сен Лоран, таа е и сосеtка на Туиту во Париз. На неговото прашање дали е заинтересирана да креира колекција, Денев, 76, одговори потврдно, појасни дека има специфична визија за колекцијата и се посвети на новата „работа“.
Инспирација за колекцијата е нејзиниот изглед во филмот на Буњуел „Убавицата на денот“ (Belle de Jour) и содржи тегет костим како во филмот, како и комбинација од сако и здолниште со кошула со кашмирен дезен. Има и маици, кошули, марами, а Денев исто така работеше на модните додатоци како два вида чанти, паричник, чевли (златни сандали и чевли со змиски принт) и миризлива свеќа.
Таа исто така го ангажира графичкит гуру Матиас Огустинијак да нацрта принт на кој се претставени нејзините омилени животни, а кој потоа се појавува на маици и свилена марама.
Нема коментари