Еден од главните актери на хит-серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон, е заштитно лице на пролетната машка колекција на модната куќа Jimmy Choo. Британскиот глумец ја промовира и претходната, есенската колекција, како и парфемот на брендот. Дваесет и осумгодишниот Кит, познат по улогата на Џон Сноу, позира пред фотообјектиовот на Стивен Клајн. Креациите што ги преставува се спој на спортскиот и елегантен стил. Фотографиите се снимени во и над автомобил.
-Возбуден сум што ме избраа за заштитно лице на толку почитуван бренд и што ми дадоа задача да го дефинирам мажот на „Џими Чу“-изјави Харингтон.
Нема коментари