Една од највлијателните модни блогерки, Кјара Ферањи, позира во новите невестински фустани на познатиот бренд за венчаници, Pronovias. Авторката на блогот The Blonde Salad неодамна беше именувана за заштино лице на оваа шпанска етикета. Таа ќе се појави на лансирањето на новата линија на Pronovias овој мај во Барселона. За потребите на промоцијата на колекцијата, наменета за следната година, неодамна сними и фотосесија.
Италјанската трендсетерка, која веќе некое време живее во Лос Анџелес, е најдоброплатената блогерка во светот. Таа е првата блогерка што се појави на насловна страница на Vogue. Нејзниот блог е претворен во вистинска маркетинг машина. Таа промовира нови парчиња од познати модни брендови, а често и се појавува и како модел во кампањите на модните куќи.
Нема коментари