Еден од најмоќните луѓе во Холивуд, филмскиот продуцент Харви Вајнстејн, објави дека разговарал со семејството на американскиот дизајнер Чарлс Џејмс, кој твореше во 40-тите и 50-тите години од минатиот век, и се договорил да ја возобноват модната куќа што ќе го носи неговото име. Во овој план на Вајснтејн секако ќе му помогне сопругата Џорџина Чепмен, модна дизајнерка која е коосновач на познатиот бренд „Маркеза“.
Веста стигна на неколку дена пред официјалното отворање на изложбата Charles James: Beyond Fashion (Чарлс Џејмс: Над модата) во музејот Метрополитен во Њујорк, на која и’ претходеше гала настанот познат како Мет Гала на кој се собраа светската елита од модата, филмот, музиката и културата. Отворањето на изложбата ќе се случи утре, на 8 мај, а кураторите подготвија поставка на раскошни тоалети од американскиот кутуриер кои ќе бидат претставени преку спектакулно шоу составено од роботски камери и ласерско осветлување.
Нема коментари