Поранешната супермоделка Кладуија Шефер веќе извесно време креира облека од кашмир за TSE, најново е што е назначена за креативен директор на брендот и наскоро ќе ја открие колекцијата Claudia Schiffer Made by TSE составена од 40 кашмирни парчиња. Покрај линијата од кашмир, Шифер како креативен директор ќе ја надгледува женската колекција.
-Мојата соработка со TSE беше толку позитивно искуство, што беше очигледно дека следниот чекор ќе биде лансирање на сопствена линија произведена од TSE – изјави Шифер и нагласи дека колекцијата е инспирирана од едно неодамнешно патување во Јужна Шпанија.
Целото расположение е романтично, со боемска естетика, моделите современи и безвременски во исто време, а Клаудија предлага џемперите од колекцијата да се носат со фармерки и со впечатливи модни додатоци. Палетата вклучува бои како зајдисонце-црвена, темно портоокалова небесно сина. алова и сино небо. Таа вели дека е инспирирана од бои, мириси и текстил од нејзините патувања во јужниот дел на Шпанија, а палета вклучува зајдсонце-црвена, темно портокалова и небесно сина, кои се комбинирани со помеки тонови на крем и камел, што реферира на стари килими и мозаици. Колекцијата ќе биде прикажана на модните саеми во Дизелдорф и Париз, а ќе почен да се продава во јули годинава.
Нема коментари