Актерката и модна икона Клои Севињи го режира новиот филм во серијата „женски приказни„ на италијанскиот бренд Miu Miu. Кусиот филм наречен „Кармен“ беше преставен деновиве во The Roxy Cinema во Њујорк, по што следуваше забава со бројни урбани гости, млади актери, модели и уметници, кои се препознаваат во или соработуваат со Miu Miu. „Кармен“ е дел од серијалот Women’s Tales, кој ја слави жената на 21-от век. Фокусот во новиот филм е стендап-комичарката Кармен Линч. Ви преtставуваме дел од атмосферата на забавата по премиерата.
Нема коментари