• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Претставен првиот детски стрип за предизвиците на пациентите со спинална мускулна атрофија – „Авантурите на СМАрагдната Ада“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 17, 2022

Ada_4

Рош ја презентираше првата детска стрип-книга на македонски јазик, „Авантурите на СМАрагдната Ада“, во која се опишани и се зборува за животот на децата со спинална мускулна атрофија (СМА) и за нивните секојдневни животни предизвици. Стрипот е дел од едукативен проект кој има цел да ја подигне свесноста за поголема инклузија и социјализација на децата со СМА, и претставува образовна алатка наменет за децата, наставниците и семејствата со цел промоција на инклузивноста на лицата со невромускулни болести.

„Авантурите на СМАрагдната Ада“ е создадена од мултидисциплинарен тим од едукатори, психолози и советници од пациентски здруженија, со научен надзор на специјалисти од мрежата на клиничките центри НЕМО, Италија. Објавувањето на книгата на македонски јазик е овозможено од Рош Македонија како прв чекор кон започнување на широка акција за отстранување на разликите и воспоставување на вистинска инклузивност на децата со СМА во целото општество.

„Ова за нас како компанија е голем исчекор во долгиот пат што секој ден го чекориме заедно со СМА заедницата кон заедничката цел: отстранување на разликите за да се постигне состојба на вистинска инклузивност. Преку оваа иницијатива, намерата е да продолжи соработката со здравствените работници, здравствените власти, пациентските организации и другите чинители, за да се зголеми свесноста за оваа болест и преку информации да се поттикне инклузијата во училишната, семејната и социјалната средина на оние кои живеат со СМА, како и да се истакне реалноста на пациентите и нивните потреби. Заедно со Здружението СТОП СМА, Универзитетските клиники за детски болести и неврологија, ја започнуваме нашата мисија темелно да ги промениме состојбите и условите за пациентите со СМА. Иако патот што го започнуваме е долг, искрено се надевам дека во истата цел ќе се вклучат и останатите засегнати страни и сите ќе дадеме голем придонес во промоција на инклузивноста на лицата со невромускулни болести во нашето општество“, истакна Александра Ивановска, раководител на Рош Македонија на денешната промоција.

„Недостасува едукација за сé поврзано со СМА, за нашите секојдневни предизвици, за способностите и квалитетите на нашите деца. А тука, внатре во овој весел и забавен стрип е формулата како да се постигне тоа. Иако целосната и општа инклузија е долг пат, којшто ние како здружение го одиме веќе 5 години, оваа книга е клучниот и првиот чекор што ќе нè доближи до целта и до она што го посакуваме и за што се бориме. Верувам дека оваа стрип книга е почеток на еден долг, но сигурен и безбеден пат, којшто во корен ќе ги промени работите и ќе придонесе за подобрување на состојбите за обезбедување квалитетен и достоинствен живот на СМА заедницата, што претставува постојан предизвик и воедно мисија на Здружението СТОП СМА“, додаде Снежана Тодоровска, претставник на Здружението СТОП СМА.

Ada_2

Иницијативата за едукативен пристап кон инклузијата на лицата со СМА е поддржана и од Универзитетската клиника за детски болести и Клиниката за неврологија заради новиот начин на справување со проблемот на социјална и образовна инклузија на лицата со физичка попреченост.

Директорот на Универзитетската клиника за неврологија, доц. д-р Иван Барбов информираше дека можеби спиналната мускулна атрофија не е масовно заболување, но е состојба што целосно и беспоштедно го презема организмот, телото и личноста.

„Покрај моторните функции, коишто може целосно да бидат под влијание на болеста, таквата состојба многу се одразува и врз психичката состојба на пациентите. На една таква состојба, замислите што се случува со едно дете, а поголемиот дел од пациентите со СМА во Македонија се деца, кое е врзано за кревет, количка, затворено дома, без никаква социјална интеракција. Тоа дополнително ја влошува нивната и така кревка состојба. Потребно е да се направи нешто повеќе, потребно е овие деца да се интегрираат во секојдневието, во образовниот процес, затоа што со денешните помагала, со денешната терапија тоа е многу возможно и тие целосно независно може да функционираат во една секојдневна средина. Со оваа книга се отвора патот за дискусија за многу потребната и многу посакувана целосна општествена инклузија. Верувам дека СМАрагдната Ада го носи тој позитивен ветер на промени“, потенцираше доц. д-р Барбов.

„Авантурите на СМАрагдната Ада“ е серија од неколку стрипови каде се раскажува секојдневниот живот на Ада, куче кое посетува училиште. Ада се движи со електромоторна инвалидска количка бидејќи има СМА, ретка генетска болест. Преку раскажувањето на нејзините секојдневни авантури, односот со соучениците, семејната и училишната динамика што се појавува, се обработува темата на социјалната и училишната инклузија на децата со моторна попреченост. Форматот на стрип е избран за да ја привлече детската фантазија и на едноставен начин да ги пренесе важните пораки при што попреченоста се објаснува почнувајќи од искуството со болеста, особено невромускулна болест како cпинална мускулна атрофија, за потоа да се креира желба да се прифати состојбата.

Книгата „Авантурите на СМАрагдната Ада“ не е на продажба и достапна е на линкот.

За спинална мускулна атрофија (СМА)
СМА е ретка, тешка, прогресивна невромускулна болест која може да биде фатална. Претставува водечка генетска причина за смрт кај доенчиња, среќавајќи се кај приближно едно бебе на 11 000 доенчиња. Поврзана е со висока стапка на смртност, особено кај најтешките форми на болеста, додека другите полесни форми на болеста овозможуваат лицата да водат нормален живот само со лесна мускулна слабост. СМА води кон прогресивен губиток на нервните клетки во ’рбетниот мозок кои го контролираат движењето на мускулите. Слабоста и атрофијата на мускулите може да доведе до проблеми со дишењето како и со движењето, како што се: ползење, седење, одење, јадење и контрола на главата. Интелигенцијата кај овие лица не е засегната, напротив, многу деца со СМА се особено бистри.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics