• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Книгата „Како да станам моден дизајнер?“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ објавена во издание на „Арс Ламина“

Од stylist @StylistMKD · На мај 5, 2020

kako da stanam moden dizajner

Книгата наменета за сите идни дизајнери, „Како да станам моден дизајнер?“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ, деновиве е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Станува збор за прва книга од ваков тип кај нас, којашто им излегува во пресрет на фантазијата и на желбата на оние кои сериозно сакаат да се занимаваат со модата како мошне креативна применета уметност.

‒ Идејата за оваа книга произлезе од мојот интерен учебник што го имав подготвено за студентите на Технолошко-металуршкиот факултет каде што им предавав на студентите на Институтот за текстил, сè до моето пензионирање пред 15 години. Го дополнив и со други поглавја за да го направам достапен за неговата намена. Ова е прва книга од македонски автор од ваков вид литература или поточно ‒ учебник. И покрај тоа што денешните млади, кои се определуваат во иднина да се занимаваат професионално со модата, знаат странски јазици и полесно ги наоѓаат информациите за модата во литературата на англиски или на француски или, пак, на интернет, сепак, убаво е да имаат и четиво на мајчиниот јазик. Книгата е наменета најпрвин за оние што имаат желба да се определат да учат во средните уметнички и текстилни училишта, но и за нивните родители, за да видат и да разберат што сè треба да се научи за да се стане моден дизајнер. Да сфатат дека тоа е една сериозна, напорна и комплексна наука и дека за неа покрај талентот е потребна и силна волја, упорност за да се успее. Секако е приспособена и за учење во средните училишта, а за студентите е еден вид водич што сè треба да се знае за да се биде моден дизајнер ‒ вели авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ.

Книгата е поделена во шест тематски поглавја и систематично се осврнува кон сознанијата што секој иден моден дизајнер би требало да ги совлада, за да се стекне со знаењето и вештините на оваа дејност.

Со оваа книга идните дизајнери постепено ќе навлезат во работниот и мисловниот процес на создавање мода. По уводното објаснување за целта на оваа книга, првото поглавје е наменето за тајните на модниот цртеж и како тој треба постепено да се совладува. Ги има сите основни информации за човечката фигура и како се совладува цртањето на модната фигура. Второто поглавје е запознавање со светот на модата, какви видови мода постојат, кому се наменети, кои се целните групи и клиентите за кои сакате да создавате и креирате. Третото поглавје е наменето на истражувањето, за собирањето инспирација, идеи и информации за она што сакаат да го креираат, а четвртото поглавје информира што сè треба да се има во работно катче, какви материјали и алатки, за да се почне со креирање и изведување модели. Петтото поглавје веќе станува малку покомплексно, тука се почетоците на совладување на основниот крој за правење и изведување на моделот што го нацртале. И на крајот, шестото поглавје – „Мојата прва колекција“ – упатува како да се почне работата како моден дизајнер.

kako da stanam moden dizajner 1

На последните страници од книгата, вклучени се и кратки биографии и фотографии од модни колекции на тројца македонски успешни модни дизајнери, коишто успеваат да изградат светско реноме преку својата работа.

Зорка Тодорова-Младеновиќ деновиве ја доби престижната филмска награда „Златен објектив“ за 2020 година. Признанието го доделува управниот одбор на Кинотеката на Република Северна Македонија, на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

− Ме израдува веста дека заедно со актерот и режисер Коле Ангеловски сме годинашни добитници на наградата на Кинотека, „Златниот објектив“. Благодарна сум што помислиле на мене. За мене ова признание е од големо значење, бидејќи ја одбележува и заокружува мојата долгогодишна кариера како костимограф. Чест ми е што со наградата им се придружувам на великаните на филмската индустрија, од кои со голем дел од нив имам соработувано и носам убави професионални спомени – вели таа.

Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е моден креатор, костимограф, автор и новинар. По дипломирањето на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 година, се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за ТВ-серии, драми и музичко-забавни емисии. Истовремено работи костимографии и за играни филмови („Мементо“, „Жед“, „Истрел“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Војната заврши“ итн.), и за театарски претстави (во Драмски театар, Кумановски театар, Битолски театар, Театар на националностите, Театар „Пралипе“ итн).

Во 1977 година како стипендист на француската влада оди на специјализација во Франција, на Школата на синдикатот за висока мода, по што почнува поинтензивно да се занимава со модно креирање и реализира повеќе авторски модни ревии. До 1991 година работи во ПОС „Интекс“ како моден дизајнер за македонската модна индустрија и конфекција, изработувајќи сезонски колекции наменети за саеми, производство, ревии и пропаганда. Во 1985 почнува да предава на Факултетот за ликовни уметности во Скопје по изборниот предмет Модно креирање, а се пензионира како вонреден професор по предметите: Модна креација, Уникатно креирање и Историја на облека на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Авторка е на монографијата за градот Кавадарци, „Вистински приказни за вечни сеќавања: Кавадарци (1900 – 1945)“, како и на учебникот „Конструкција, моделирање и градирање на основни кроеви на уникатна женска облека“ (во коавторство со проф. д-р Соња Ќортошева). Во текот на својот работен век пишува и текстови за мода во македонски дневни и периодични изданија, а одреден период го уредува специјализираното списание „Текстилен информатор“.

По пензионирањето, Тодорова-Младеновиќ реализира околу 200 историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како и во Археолошкиот музеј во Скопје.

Книгата „Како да станам моден дизајнер?“ веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13691

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1rosica

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

    март 9, 2026
  • ??????????????????????????

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    март 9, 2026
  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics