• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Промовиран готвачот „Најдоброто од македонската кујна” од Давор Панчевски во „Литература.мк”

Од stylist @StylistMKD · На април 20, 2019

daves kitcen (13)

Во присуство на многубројни гости, љубители на македонската традиционална кујна и на пишаниот збор вчера (19 април 2019 година) во книжарницата „Литература.мк” на улицата „Македонија” беше промовирана новата книга за готвење „Dave’s kitchen: Најдоброто од македонската кујна” од Давор Панчевски.

Готвачот, што го објавува издавачката куќа „Арс Ламина – публикации”, содржи 125 едноставни и вкусни традиционални рецепти, на кои ќе се потсетат постарите генерации, а помладите ќе имаат можност да ги научат.

daves kitcen (7)

Целта на „Најдоброто од македонската кујна” е да ги оживее рецептите што потекнуваат од ова поднебје, а кои се повеќе или помалку заборавени, претставени во модерно издание.

- Идејата ми беше со овој готвач да ги зачувам нашите традиционални рецепти и да ги приспособам за полесно да ги подготвуваат новите генерации. Дел од нив се традиционални и токму онакви како што ги подготвувале моите баби и мајка ми. Секако дека дел од нив имам и модифицирано, со цел полесно подготвување од страна на новите домаќини и домаќинки. На пример: рецептот за манџа со грашок секогаш се подготвувал со месо исечкано на коцки, но во овој готвач мојот рецепт за манџа грашок е со мелено месо. Исто така, тиквичката е една од оние зеленчуци кои ги има во изобилие во Македонија, па со неа споделувам рецепт за чипс од тиквичка, кој одлично одговара со пиво и големо друштво. Се потрудив да ја зачувам нивната автентичност, но начинот на кои се комбинирани состојките и начинот на подготовка, како и крајниот резултат – сервирањето, е она што е променето – изјави Панчевски.

daves kitcen (9)

Рецептите, распределени на 270 страници, се подделени во неколку категории: појадоци, главни јадења, прилози, зимници и десерти.
-Целата подготовка, вклучувајќи го собирањето, приготвувањето и фотографирањето на рецептите траеше околу седум месеци. При подготовката на книгата заклучив дека во македонската кујна доминираат зеленчуци и овошја. Ме фасцинира што со многу едноставни и ефтини состојки, како и со нивна правилна комбинација се креира извонреден вкус. Инаку, често готвам традиционални рецепти. Сигурно два до три пати неделно. Едноставно нивниот вкус за мене е посебен. Омилени јадења од домашната кујна ми се: ајвар, полнети пиперки, бакардан, кифлички и сите парени десерти со кои нашата кујна располага – изјави тој.

daves kitcen (8)

Книгата е достапна на македонски и на англиски јазик во книжарниците на „Литература.мк”. Ова е втор готвач на Панчевски, по книгата „Dave’s kitchen: Гответе насмеани”.

Промотор на книгата во „Литература.мк” беше познатата водителка Ирена Спировска. По официјалното претставување на изданието гостите можеа да вкусат дел од рецептите застапени во „Најдоброто од македонската кујна”.

Во текот на вчерашниот ден книгата беше промовирана и на т.н. „бранч со медиумите”, на кој новинарите и највлијателните блогери кај нас имаа можност да ги дегустираат традиционалните специјалитети подготвени од Dave’s kitchen.

daves kitcen (5)

daves kitcen (12)

daves kitcen (14)

daves kitcen (15)

daves kitcen (10)

daves kitcen (4)

daves kitcen (2)

daves kitcen (1)

daves kitcen (6)

Dave's KitchenгастрономијаготвачготвењеДавор Панчевскикнига за готвењемакедонска кујнапромоција„Најдоброто од македонската кујна"
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • bistra (2) книги-магазини

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

  • vanity fair (1) книги-магазини

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

  • Deva-Cassel-covers-Elle-France-February-5th-2021 книги-магазини

    Дева Касел ја наследила безвременската убавина на нејзината мајка Моника Белучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lili kadinska

    Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

    март 5, 2021
  • 10

    Стилска инспирација за овој март

    март 4, 2021
  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

    март 4, 2021
  • rosica mrsic

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

    март 4, 2021
  • ??????????

    Седум стилски совети за ниски жени

    март 4, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

    февруари 3, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021

Живот

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

    март 3, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021

Култура

  • bistra (2)

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

    март 3, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics