Мобилниот гигант Хонор, кој е сестринска фирма на Хуавеи, во една од последните кампањи ја ангажираше македонската манекенка Ивана Караџова да биде мистериозната дама која го промовира моделот на мобилен телефон Honor 200 Pro. Караџова веќе поодолг период работи како интернационален модел и за тоа време престојуваше неколку пати во Милано, Барселона, Истанбул и Азија.
-За кампањата на Хонор Ивана мораше да замине во Шангај каде се случи фото сесијата во едно од нивните студија со специјални ефекти. Нејзината модна кариера започна кога победи на изборот на Лице на Годината (Look of the Year) во 2016 година. Еден од последните ангажмани на нашата Ивана беше и глобалната кампањата за M.A.C Cosmetics – велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент од Скопје.
Нема коментари