• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Која е манекенката од фотографијата со која се најавува изложбата на Реи Кавакубо

Од Катерина Трајановска · На мај 25, 2017

1

На почетокот на месецов во њујоршкиот музеј Метрополитен беше отворена големата изложба посветена на јапонската модна дизајнерка Реи Кавакубо од брендот Comme des Garçons, а на иложбата претходеше Мат Гала, настанот кој се смета за најголемата и најизвиканата модна журка во годишниот календар на познатите. Но, интересно е што на главната фотографија од најавата на изложбата на Кавакубо се појавува една манекенка што и ние ја препознаваме – Јелена Ивановиќ. Белграѓанката Јелена во 90-тите години беше успешна манекенка на светската сцена, а ние ја знаеме како сопственичка на модната агенција Model Scouting Office и важна личност за интернационаниот успеџ на нашите Катарина Ивановска, Елена Трајановска и Мартина Павловска.

jelena ivanovic

Јелена Ивановиќ пред музејот Метрополитен во Њујорк

Јелена своевремено доста соработуваше со Реи Кавакубо и често се појавуваше на нејзините модни ревии, а фотографијата од изложбата е од една фотосесија направена во 1996 година со фотографот Паоло Роверси. Фотографијата толку им се допаднала на луѓето од Институтот за костими при музејот Метрополитен и од магазинот Vogue, што ја одбрале како главен имиџ за изложбата.

-Како млада манекенка на почетокот на својата кариера во странство, бев избрана заедно со уште еден модел за ревија на Реи Кавакубо за Comme des Garçons во рамките на модната недела во Париз. Бевме избрани меѓу 1.000 модели. Отидовме во Париз, каде што се случи уште едно изненадување. Дизајнерката одлучи токму јас да ја отворам ревијата, бидејќи на пробата забележала дека нејзините креации на мене дишат, оживуваат. А тој впешаток што ѝ го оставив на Кавакубо е најважениот – изјави Јелена за српскиот портал Žena.

Таа ревија е воедно и почеток на нејзината неколкугодишна успешна интернационална кариера, а подоцна Јелена и Реи повеќепати ќе соработуваат. Јелена исто така открива дека во ноември минатата година ја контактирале од музејот Метрополитен и побарале дозвола да ја искористат нејзината фотографија за најава за големата изложба.

Now and then ❤️ Body meet Dress – Dress meets Body #reikawakubo #artofinbetween #metkawakubo

A post shared by Jelena Ivanovic (@jelenaivanovic_) on May 2, 2017 at 5:26pm PDT

-Горда сум што на овој начин сум придонела за сеопфатниот омаж на работата и делото на Реи Кавакубо. Фотографијата на која сум јас во младите, манекенски денови произлезе од соработката со еден од најпознатите модни фотографи Паоло Роверси. Самата фотографија е како сликарско дело, а направена е со аналоген старински хармоника-апарат и на неа нема никаква фотошоп доработка. Уште тогаш модните критичари го прогласија за уметничко дело – вели Јелена за Žena.

На својот Инстаграм профил Јелена има објавено и фотографии од нејзината посета на изложбата во Метрополитен во Њујорк. Јелена живее во Белград и преку својата агенција Model Scouting Office пронаоѓа и се грижи за кариерата на модели од регионот. Повремено доаѓа и во Скопје на кастинзи што се прават во соработка со нашата модна агенција „Моделс ИН“, меѓу кои и за регионалниот избор на „Лице на годината“, од кој победничката заминува на светскиот избор Look of the Year.

2

Фотографијата со која се најавува изложбата на Реи Кавакубо се појави насекади низ светот, во списанијата и на најзначајните модни портали, како и во каталогот на изложбата

3

Во 9o-тите Јелена често се појавуваше на ревиите на Comme des Garçons

4

 

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Model Scouting OfficeЈелена ИвановиќМЕТМетрополитенмодна изложбаРеи Кавакубо
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics