Се одржа доделувањето на Американските музички награди, на црвениот килим се појавија бројни ѕвезди од светот на музиката и забавата, вообичаено на сличните музички настани преовладува кичест, провокативен и невкусен изглед, на оваа свеченост една пејачка привлече внимание со необичната модна креација во позитивен смисол.
Креацијата со златна маска и ракавици со златни нокти ќе ја препознаете од колекцијата со модели со надреалистички елементи на модната куќа Скјапарели, а зад маската е познатата раперка Карди Би.
Таа на доделувањето ја имаше улога на водителка и носеше и други креации, оваа сепак привлече најногу внимание – црн фустан дополнет со необичен вел, златна маска, крупни обетки и долги ракавици со златни прсти.
Нема коментари