Со цел идните невести одблизу да ги видат и да ги пробаат новите венчаници, креаторката Тања Кокев в сабота (16 декември) во својот салон во Градскиот трговски центар во Скопје (втор кат) организира шопинг шоу. На првото Kokev Trunk Show, кое ќе се оддржи од 12 до 19 часот, ќе ја презентира новата колекција венчаници 2018.
-Настанот го замисливме како отворен ден за сите идни невести кои ќе имаат можност да ги пробаат моделите од новата колекција, да ги дознаат трендовите за 2018 година или пак доколку имаат свој замислен модел, да им помогнеме околу неговата реализација. Сите идни невести кои на овој ден ќе ја направат својата нарачка добиваат специјален попуст и подарок од ателје „Кокев“-вели дизајнерката во својата објава на социјалните мрежи.
За сите прашања и консултации на дружбата во сабота покрај Тања Кокев ќе бидат на располагање и Весна Попова и Вера Ангелакова-креатиорки во ателјето. Присуството може да се потврди на телефоните: 078 278 804 и 078 278 048.
Новата колекција венчаници на Кокев го содржи препознатливиот печат на дизајнерката – женствена силуета и романтичен изглед. Новите венчаници имаат рачно везени цветови и чипка, слоеви врз слоеви француски тул, светкави детали, карнери и плисе. Фустаните имаат интересни текстури кои дизајнерката ги има постигнато со слоевито поставување на различни типови на материјали.
Деновиве Кокев сними и lookbook за новите венчаници со фотографскиот тандем Ани и Дими. Креациите ги носат манекенките Горјана Кулишевска (Models In), Ивона Стојановиќ и Ивана Ѓоргиевска (Студио Црнокрак). За фризурата на моделите се погрижи Дарко Петковски, а за шминката Дарко Мишовски. Амбиентот на фотографиите е збогатен со цвеќе од Floral Decoration Fancy Flower Boutique.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.>
Нема коментари