Вчера на Netflix беше пуштена третата сезона на популарната серија Stranger Things, фановите на Илевен, Вил, Мајк и останатите ликови од серијата, веќе имаат први реакции за случувањата во новите епизоди. Феноменот на популарноста на серијата го опфати и модниот и светот на продажбата, односно во последните години се претставени повеќе модни колекции инспирирани од Stranger Things, но и разни франчизни предмети, чаши, футроли, друштвени игри… Серијата е сместена во градот Хоукинс во 80-тите години, па повеќето вакви колекции ја следат таа ретро естетика. На Amazon може да се најдат маички и шолји, потоа футроли за телефони, играта Монополи во верзија инспирирана од серијата, Lego коцки, а компанијата T Mobile во САД претстави маска за моилен телефон во облик на воки-токи од 80-тите. Веб страницата High Snobiety лансира колекција на маици и дуксери инспирирани од серијата, а брендот Nike претстави верзија на моделот патики Cortez. Модните брендови Pull&Bear, H&M, Levi’s исто така имаат модни колеции на тема Stranger Things.
Нема коментари