Како наближува премиерата на седмиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, Star Wars: The Force Awakens, се пласираат разни производи инспирирани од научно-фантастичната сага, последните се дел од соработката меѓу Her Universe и Hot Topic, кои лансираа капсулна женска колекција. Во колекцијата има фустан инспириран од принцезата Леја, авијатичарски јакни со мотиви, фустан со крој на наметка со ликот на Дарт Вејдер, џемпери со R2D2, а кои се продаваат на HotTopic.com.
Нема коментари