Шарлот Казираги од кралското кнежевство Монако од 2015 година е амбасадорка на Montblanc, a соработката со овој луксузен бренд ја надгради со креирање на капсулна колекција на накит, која ја откри деновиве за време на Канскиот филмски фестивал. Нејзината колекција наречена Les Aimants се состои од прстени и од крупни и потенки алки инспирирани од Ненси Кунарт, актерка популарната во 20-тите години од минатиот век.
Колекцијата од алки од различни различни материјали, бои и текстури се сведува на концептот на слоевито редење на една, две или повеќе алки со различни форми и големини, кои пак се спојуваат со помош на вргадените магнети. Ова дозволува креирање на различен стил кој може да се развива од едноставен, елегантен дневен изглед, до вечерен и посвечен.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари