Македонската дизајнерка Антонија Ристовска преку фотосесија ја претставува новата колекцијата на венчаници наречена White Ivy 2018. Дел од нејзината линија Antonija Ristovska Bride, дизајнерката открива дека овие венчални креации се инспирирани од она што идните невести најмногу го сакаат – софистицираност, гламур, единственост и доза на романтика.
„Инспирирана од винтиџ модата и посакуваниот ретро стил, во создавањето на новата колекција ја пренесов ретро нишката и ѝ дадов младешки призвук и урбана нота. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чуството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата – вели дизајнерката.
Колекцијата White Ivy 2018 е презентирана преку едиторијал кој го потпишуваат фотографите Ани и Дими. Антонија ни откри дека фотосесијата е направена во амбиентот на хотелот „Александар Палас“ со манекенките Сандра Цветкова од модната агенција „Моделс ин“ и Сара Цветанова, фризурата е на Дарко Петковски (Hair House), а шминката на Васе Доковски.
Новата колекција ќе биде претставена на Саемот за венчавки „Реци да“, кој ќе се одржи на 9 декември во хотелот Crowne Plaza во Белград.
Нема коментари