„Кога ќе помислам на Reebok, мислам на 90-тите и на кошарката, и се разбира мислам на Шекил О’Нил“, вели Викторија Бекам за нејзината „муза“ за Reebok x Victoria Beckham мерчендајзинг колекција. Откако минатата година Викторија објави соработка со Reebok на нејзината прва спортска колекција, во април годинава конечно се својата инспирација О’Нил. И да, мораше да се поткачи на скала за да биде на иста висина со познатиот кошаркар додека заедно се фотографираа. Во следниве денови ќе поне да се продава Reebok x Victoria Beckham колекцијата, а парчињата во првата понуда вклучуваат маици, дуксери и чорапи украсени со силуета на О’Нил како забива кош. На својот Инстаграм профил Викторија објави серија на фотографии посветени на колекцијата, а фотографирани се од стран на нејзиниот син Бруклин Бекам.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари