Познатиот моден бренд Weekend Max Mara достапен и за македонските вљубенички во модата, оствари соработка со супермоделот Лили Олдриџ и заедно ја создадоа колекцијата From Lily with Love за пролет 2023, која неодамна беше претставена и во продавницата на овој бренд лоцирана во Рамстор мол во Скопје. Во пријатна атмосфера со розови коктели и цветни букети ја погледнавме колекцијата во која цветовите се главен фокус.
Колекцијата содржи шик пролетни креации кои можат да се носат од утро со вечер, за подолго или пократко-викенд патување, во лежерни и деловни пригоди, а во кои се спојува италијанскиот и калифорнискиот животен стил, слободниот дух и современата визија за хипи-бохо естетиката позајмена од 70-тите години. Лилив за оваа колекција за Weekend Max Mara се инспирирала и од работата на нејзиниот татко, познатиот англиски илустратор Алан Олдриџ, а неговите препознатливи смели бои, цветни мотиви и принтови на срце, се искористени како референци за модните креации во колекцијата.
Во оваа колекција на Weekend Max Mara и Лили Олдриџ ќе најдете разни парчиња со безвременски, класичен крој како фустани, блузи и панталони со цветен мотив или со ретро шари, ленени комплети и модели со памук со дупчиња, џинс и пролетно палто, како и свилени шарени марами, шапки и нова верзија препознатливиот Pasticcino модел на чанта.
Нема коментари