Дизајнерите на современ накит Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Глигор Кузмановски и Марта Пејоска како колектив „Облик“ успешно се претставија на Autor, еден од најважните саеми на современ накит во Југоисточна Европa, кој се одржува по седми пат во Букурешт, Романија.
Autor e платформа за промоција на таленти од областа на современиот накит на меѓународно ниво. Тој е еден од од најзначајните настани од овој вид во Југоисточна Европа, кој е сè попопуларен и расте од година во година. На овогодинешното издание изложуваат преку 80 автори од 28 земји.
Македонија ја претставуваат четворица дизајнери здружени како колектив. Колективот е наречен „Облик“ и го чинат дизајнерите на накит Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Глигор Кузмановски и Марта Пејоска, кои воедно се и едни од пионерите на македонската сцена на сoвремен дизајн на накит.
Нема коментари