• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
сам свој стилист 0

Комбинации со кадифе кои треба да ги пробате оваа зима

Од stylist @StylistMKD · На декември 14, 2016

kadife-kombinacija05

Кадифето, кое направи голем камбек во модата оваа сезона, е еден од носечките материјали во новите колекции на светските модни куќи и дизајнери. Тој е дел и од трендовските линии и на high street брендовите, достапни на повеќето купувачи. Иако прва асоцијација за овој материјал е ретро, винтиџ имиџ сепак, со враќање на модата од 90-тите, стана најбаран и најтрендовски оваа есен-зима. Кадифето, кое нуди топлина, удобност и доза на свеченост, може да се носи преку цел ден, во разни прилики и ситуации.

kadife-kombinacija01

Кадифените фустани по прерамки врз ролки, блузи, блузони и кошули се хит комбинација на сезоната

Покрај класичната комбинација на кадифено палто со други зимски материјали, може да се прошири употребата и начинот на комбинирање. Најносена комбинација оваа година се кадифените фустани со прерамки врз кошула, блуза или ролка. Често овој стајлинг се дополнува  и со панталони, хеланки или фармерки.

kadife-kombinacija04

Оваа зима се носат долги широки здолништа и панталони од кафифе

Новина оваа сезона се макси здолништата и долгите широки панталони од кадифе, кои може да се носат со кратка јакна, кошула, долг капут или со џемпер. Се комбинираат повеќе кадифени парчиња, а најносени се еднобојните комплети и костуми, кои се класика и во кои ќе изгледате секогаш елегатно. Похрабрите модни блогерки покажаа дека може истовремено да се спојат кадифени модели во различни бои.

kadife-kombinacija07

Секогаш елегантни во еднобоен костум од кадифе

Во посвечените прилики или за новогодишните прослави може да изберете кадифен фустан, кој може да биде во миди варијанта, со преклоп, макси, со тесен горен дел, или пак мини. Миди варијантата комбинирајте ја со високи потпетици, интересен ѓердан или крзно. Ако сакате да изгледате полежерно може да облечете и фармерки или хеланки под фустанот. Мини фустаните или здолништата од кадифе задолжително спојте ги со дебели или црни хулахопки, со кои ќе се избегне големото отскокнување на овој подебел материјал.

kadife-kombinacija03

Во посвечените прилики или за новогодишните прослави може да изберете кадифен фустан

Иако навидум е уникатен материјал, кој тешко се комбинира, ќе се изненадите колку многу варијанти и опции има за спојување. Кадифената облека може да ја носите со плетени парчиња, тантела, со свила, џинс, со памучни , па и со светкави креации.

kadife-kombinacija02

Кадифената облека може да ја носите во спој со плетени парчиња

Наметки, кимона, палта и капути од кафифе се евергрин парче во ормарот на секоја жена. Може да ги носите повеќе сезони и во многу комбинации. Покрај облеката, есенва со оваа мека, свилена, памучна или волнена ткаенина ќе бидат обложени и модните додатоци, чантите, мокасинките, ракавиците, коланите и ѓерданите-чокери. Еве неколку идеи како може да ги комбинирате кадифените парчиња.

kadife-kombinacija06

Мини фустани и здолништа од овој материјал најдобро одговараат со темни хулахопки

kadife-kombinacija08

Наметки, кимона, палта и капути од кафифе се евергрин парче во ормарот на секоја жена

kadife

зима 2016кадифекадифен фусранкадифени панталоникадифено здолништекадифено палтокомбинациимакси здолништемиди фустанТрендшироки панталони
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 сам свој стилист

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

  • denim сам свој стилист

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

  • 1 сам свој стилист

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Пролетен минимализам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics