Сината кошула е вистинска класика на женската гардероба и составен дел не само од деловниот, туку и секојдневниот стил. Со класичен крој на кошула или со некаква интервенценција во моделот, рамни или струкирани, со џебови или обемни ракави, закопчана или лежерно откопчана во горниот дел – само пастелно сината боја останува непроменета кај ова модно парче, што оваа сезона со обновена енергија ги освојува модните трендсетерки ширум светот.
Како да ја носите сината кошула пролетва за да бидете во тренд?
Со панталони со висок струк, кои се актуелни последниве сезони и се одлични затоа што ја издолжуваат силуетата. Секогаш добра иидеја е да се комбинира со фармерки за малку француски шарм. Сината кошула се смета дека е позајмена од машкиот гардеробер, ама од таму и украдовме и сакоата – па баш е згодно коа ќе се спојат двете парчиња и во женскиот изглед. За деловни пригоди класичната сина кошула носете ја со молив-здолниште, како и под фустан.
Нема коментари