На завчерашната ревија на „Фенди“ за есен-зима 2014/15 манекените прошетаа по големата писта обложена со дебел слој од црно крзно и започнаа полемика за етичкиот третман во модната индустрија и вечната дилема дали да се користи вистинско или вештачко крзно. „Вештачко е, се надевам“, напиша Метју Шниер од Style.com на својот профил на „Инстаграм“ покрај фотографијата направена за време на модната ревија. За жал, најверојатно се работи за вистинско крзно од коза, така барем објави релевантниот сајт WWD… Компанијата „Фенди“ е позната по пренападното и обемно користење на крзно, впрочем и двојното FF кое е дел од креативниот идентитет на брендот, првично произлегува од Fun Fur (забавно крзно!?). Последната ревија на „Фенди“ започна голема дебата на интернет и по социјалните мрежи, а повеќето ја осудуваат дизајнерката на брендот Силвија Вентурини Фенди. А сè може да се срочи во следниов коментар „Леле, ова ниво на агресивно незнаење е мошне импресивно“.
Нема коментари