Во Македонија за прв пат пристигна козметичката линија на Викторија Бекам направена во соработка со козметичкиот гигант Estée Lauder. Отсега кај нас е достапна лимитираната колекција за есен-зима 2017 и може да се најде единствено во парфимеријата Anabella во Skopje City Mall. Со производите од колекцијата на Викторија Бекам ќе добиете извонредна комбинација на драматично див и гламурозно нежен изглед.
Викторија вели дека искуството пред камера ја научило колку вистинското светло има моќ да ги изрази цртите и контурите на лицето и да го направи сјајот на кожата повпечатлив, па со оваа колекција таа го овозможува токму тоа.
„Со оваа мејк ап колекција, сакам да направам сите жени насекаде да се чувствуваат подобрено, поубаво и посамоуверено. Инспирирана од моите омилени градови во светот, оваа колекција ја рефлектира мојата сопствена и лична визија за убавина“, вели Викторија Бекам.
Линијата на Викторија Бекам се однесува на шмината, а производи што можете да и најдете кај нас се палети со сенки за очи, мат кармин и молив за усни, пудра во прав, сјај за усни, молив и туш за очи, течна сенка со метален сјај. Бидете брзи, количините се ограничени.
Прочитајте: Викторија Бекам лансира колекција шминки со Estée Lauder
Нема коментари